Европското движење во Република Македонија (ЕДРМ) е:
здружение на граѓани во смисла на Законот за здруженијата на граѓани и фондациите во Република Македонија
полноправен член на невладината меѓународна организација Европско движење, со седиште во Брисел, основана во 1949 година
Нашето Движење
ги споделува целите на меѓународното Европско движење за создавање на обединета федерална Европа;
се залага за ширење на европскиот дух и идеи во Република Македонија и целосно интегрирање на Република Македонија во Европската унија
Со нашите активности сакаме да придонесеме за:
поттикнување на јавната свест во Република Македонија за европските вредности, придобивките и иднината на европската интеграција,
поттикнување на разбирањето, меѓусебното познавање и сестраната и слободна комуникација во единствениот европски простор,
објективно и аналитичко согледување на состојбата и перспективите на односите меѓу Република Македонија и Европската унија;
развивањето демократски дијалог за сите прашања на европската интеграција;
развој на цивилното општество во Република Македонија и негово вклучување во остварувањето на визијата за "Европа на граѓаните",
поттикнување на добрососедската и регионалната соработка заснована врз заедничките европски стремежи
Тоа ќе го оствариме преку:
семинари, трибини, конгреси, конференции, колоквиуми, тркалезни маси и други облици на дебата и размена на мислења;
образовни, воспитни и информативни активности;
истражувачки и студиски активности;
издавачка дејност;
изложби и манифестации и
други активности во согласност со целите на Движењето.
Нашите принципи на дејствување се:
недискриминацијата, врз каква и да е основа
неутралноста во поглед на партиската определеност
транспарентноста
отвореноста за соработка со сите организации со кои ќе идентификуваме заеднички цели и интереси
адреса:
"ЕВРОПСКО ДВИЖЕЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА"
ул."Кузман Јосифовски Питу " бр.17/51 - Скопје
тел. 022462257
факс: 022462257
e-mail: contactperson@europeanmovement.org.mk
|