![]() |
Претседателпроф. д-р Димитар Мирчев Роден 1942, завршил Правен факултет во Белград, специјализација во Брадфорд, ВБ и докторат на Универзитетот во Љубљана (1977). Бил редовен професор по политичка социологија и политички систем на Филозофскиот факултет во Скопје и Проректор на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", Скопје (1992-1993). Од 1993-1999 г., е Вонреден и ополномоштен Амбасадор на Република Македонија во Светиот престол и Словенија. Сега е ректор на Европскиот универзитет во основање, Скопје. За особени заслуги во дипломатијата и меѓународното разбирање, во 1998 г. Неговата Светост Јован Павле II го прогласи за Витез на редот на Св. Грегориј Велики. Проф. Мирчев е член на Комитетот на правни специјалисти на IPSA, Меѓународната асоцијација за политички науки, и редовен член на Меѓународната академија на природни и хуманитарни науки "Кнезови Шчербатови", Москва. |
| << Предходна страница |