Потпретседател

Г-ѓа Љубица Рубен

Родена 1950г., завршила Правен факултет во Скопје, положила Правосуден испит 1989г., а стручен испит за застапник за заштита на права од индустриска сопственост во 1994г.
Специјализирала во следниве правни области: трговски друштва и инвестиции, финансирање на трговски друштва, принципи и пракса на закони и прописи за банки, реформа во законот за стечај и пракса, изработка на патентни апликации, правни аспекти на финансирање на проекти, тренинг програма за стечајна постапка.
Од 1977г. работи како новинар по правни прашања во дневниот весник „Нова Македонија“, од 1979 до 1989 како директор на правниот отсек на „Центрохемија“-Скопје. Од 1989 до 2002 работи како адвокат, а од 2002г. како менаџер и правен консултант во друштвото за посредување и застапување Менс Легис.
Таа е основач, член на Борд и претседател на повеќе невладини професионални асоцијации, членка е на Меѓународната адвокатска комора, Американската адвокатска комора, Меѓународната организација на правници за Евроазија и др.

  << Предходна страница