![]() |
ПотпретседателМ-р Јонуз Абдулаи, Роден 1955г. во с.Вруток, Гостиварско. Дипломирал 1979г. на Факултетот за политички науки во Белград, а магистрирал на Правниот факултет во Загреб 1991г. На третите парламентарни избори во РМ беше избран за пратеник во Собранието на РМ (1998-2002). Во тој период беше претседател на Комисијата за економска политика и развој, како и член на Комисијата за уставни прашања, на Комисијата за политички систем, член во Делегацијата на ЦЕИ. Има учествувано на голем број конференции и научни дебати во земјата и странство со трудови од политиката и економијата. |
| << Предходна страница |