ЕВРОПСКО ДВИЖЕЊЕ - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ... MOVEMENT EUROPEEN - REPUBLIQUE DE MACEDOINE ... EUROPEAN MOVEMENT - REPUBLIC OF MACEDONIA

 

Контакти, посети, комуникации

 

Доц. Др. Билјана Секуловска- Габер, членка на Извршниот одбор на Движењето, од 30 јуни до 21 јули 2002 г. учествуваше во Бриж, Белгија на Интензивниот семинар за Европската Унија, што го организира Оделението за развој на Колеџот на Европа во Бриж. На семинарот, за економските и политичките аспекти и перспективи на европската интеграција предаваа 32 професори и истражувачи а учество зедоа 62 слушатели од 20 земји.


Д-р Секуловска-Габер имаше и посебен програм во Департманот на пост-дипломски европски студии како и во Европскиот документационен центар во Колеџот во Бриж. Воспоставена е редовна соработка и размена со сите овие институции.

Проф. Др. Димитар Мирчев, Претседател на Движењето, на покана на германската фондација Бертелсман од Гетерслох, учествуваше на Регионалниот семинар "Подготовки за пристап кон ЕУ 2002", што се одржа од 7-11 септември во Варна, Бугарија. Програмот на овој семинар беше наменет на млади јавни службеници (40 учесници) од Албанија, СРЈ, Романија, Бугарија, Македонија и др. , а Проф. Мирчев имаше предавање на тема Безбедноста на Балканот и Европската интеграција.
Договорена е размена и соработка на проекти со Фондацијата EURISC од Букурешт, Институтот за економска политика и Центарот за либерални стратегии, Софија како и со Бертелсман Фондацијата од Гетерслох.


Управниот комитет на Меѓународното европско движење одржа седница во Брисел, на 4 и 5 октомври 2002. На седницата учествуваа и генералните секретари на националните организации на Европското движење кои имаа и посебен состанок посветен на истражувачките проекти и на планирање на активностите. Нашето движење беше претставено од г-ѓа Малинка Ристевска - Јорданова, генерална секретарка.
На состаноците во Брисел е договорена реализација на повеќе проекти во кои ќе се вклучи и Македонија, потоа, договорени се активности за одбележување на Денот на Европа како и подготовки за седницата на Федералниот совет на Движењето, во Копенхаген, на 29-31 ноември.

 

 

Линк до интернационалниот сајт

планирани активности >>
реализирани активности >>
фото-галерија>>
English

 

Web design by Pece Angelkovski. Copyrights © 2005mail to webmaster

За нас
Организација
Зачленување
Акциска програма
Водич, Новости, Развој, Документи
Публикации
Колективни членови и спонзори
Линкови
Контакт

"ЕВРОПСКО ДВИЖЕЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА" ул."Кузман Јосифовски Питу " бр.17/51 - Скопје тел.022462257 факс: 022462257
e-mail: contactperson@europeanmovement.org.mk