Движењето ги продолжува традициите и дејствувањето на Македонскиот совет на Европското движење, основан во Скопје во 1991 година.
Советот беше една од првите невладини организации основани во Република Македонија по воведувањето на повеќепартискиот систем.
Стана придружна членка на Европското движење во 1992 година, а беше и меѓу првите совети од Централна и Југоисточна Европа кои станаа полноправни членки на меѓународното Европско движење, во 1993 година.
Во ова време, беа остварени значајни контакти и соработка со другите организации на Европското движење во Европа, кои сe повеќе никнуваа и во Централно-источниот и Југоисточниот дел на Европа, со нивната активност збогатувајќи ги движењата и стремежите за вистинска Обединета Европа.
Македонскиот совет на Европското движење организираше и учествуваше во голем број дебати, трибини, тркалезни маси, меѓународни конференции.
Во 2002 година повеќе основачи на Европското движење и нови членови го иницираа Обновувачкото собрание кое се одржа на 18 април 2002 година, на кое беше усвоен нов Статут и Акциска програма
|