ЕВРОПСКО ДВИЖЕЊЕ - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ... MOVEMENT EUROPEEN - REPUBLIQUE DE MACEDOINE ... EUROPEAN MOVEMENT - REPUBLIC OF MACEDONIA

 

ВОДИЧ
ИНТЕРНЕТ ИЗВОРИ ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Покрај институциите, агенциите и други тела на Унијата, со свои веб-сајтови специјализирани за европската интеграција на светската мрежа се присутни и истражувачки организации, групи, агенции, невладини организации, издавачи и други субјекти. Тоа ја чини понудата на информации за европската интеграција на Интернет развновидна и богата. Невозможно е овде да се презентираат сите можни извори на информирање за Европската унија што се достапни преку Интернет. Се ограничуваме на оние што се најопшти и што сметаме дека се најзначајни за корисниците од Република Македонија. Натамошното трагање по информации ќе биде олеснето со огромното богатство на линкови на секој од овие сајтови, така што изворите всушност се мултиплицираат.

Достапноста на повеќе информации за ЕУ преку Интернет е од посебно значење за корисниците од Република Македонија. Недостатокот на печатени извори за информирање и проучување на Европската Унија во Република Македонија значително го отежнува и ограничува проучувањето на европската интеграција. Сиромашниот фонд на книги и други публикации поврзани со оваа тематика во библиотеките создава проблеми во посериозните проучувања на Европската Унија и на поопшто ниво, а да не зборуваме за посериозни сегментарни проучувања. Во вакви околности, уште поголема е упатеноста на глобалната информатичка мрежа како можност за добивање најнови и релевантни информации и пренос на знаења.

За жал, актуелноста на овој преглед веројатно ќе биде многу куса, барем во поглед на содржините, бидејќи промените на веб-страните се секојдневни. Сепак, изворите иимаат подолгорочен карактер, а структурата на сајтовите е вообичаено предмет на промени на неколку години.

Официјални извори на европските институции
Единствен сервер на ЕУ
www.europa.eu.int

Креирањето на единствен сервер (во 1995 година) и претставувањето на Европската унија од едно место на светската мрежа не е воопшто случаен потег. И на овој начин се настојува да се придонесе за јакнење на субјективитетот на Европската Унија, и имплицитно, европскиот идентитет.

Серверот на Европската унија - на сите јазици на Унијата - за институциите го води и одржува Комисијата, под надзор на Интеринституционалното тело.

Основната содржина на овој сајт е претставена преку:

Вести(News): Покрај соопштенија за печатот, дадени се и најновите вести за неколку подрачја што се сметаат за приоритетни.

Активности (Activities): Содржани се политиките на ЕУ, (вкупно 29). Секоја политика на ЕУ е понатаму еднообразно претставена со основен преглед (овервиењ), законодавство во сила, законодавство во процедура, имплементација на политиката. Ова е почетната точка за информирање и проучување на секоја од политиките на ЕУ. Натамошното поподробно информирање е на вебсајтот на институциите, зависно од нивната надлежност. Ова е всушност базата сцадплус - резимеа на законодавството, која може да се пристапи и преку http://www.europa.eu.int/scadplus/scad_en.htm

Институции, агенции и други тела (Институтионс, агенциес анд отхер бодиес) Покрај прегледот на институциите и објаснување за процесот на одлучување во Унијата, обезбедува линкови до сите институции и тела на Унијата.

Поглед кон ЕУ (ЕУ ат а гланце): Преглед - основни податоци за ЕУ, историја на ЕУ (по години), владите на Интернет,[1] институции, симболи (знаме, химна,[2] Ден на Европа), договори (основни податоци за договорите, врски со договорите, врски со текстови за договорите), мал терминолошки речник (глоссарѕ). Ова е стартното место за почетници.

Официјални документи:

Преглед (содржи само линкови)

Eur-Lex – база на податоци за правото на Заедницата што е особено значајна за сите оние на кои не им е достапна базата CELEX (која е синтетизирана, има повеќе можности за пребарување, но пристапот се плаќа). Eur-Lex овозможува пребарување по повеќе основи. Базата ги содржи следниве елементи:

Службен весник (Official Journal) од 1998, (анексите на СВ – тендери - се наоѓаат во базата TED),

Договори (Treaties) - врска со договорите, со можност за пребарување,

Законодавство (Legislation) - го содржи целото законодавство со можности за пребарување по број, ознака на документот и фраза,

Законодавство во постапка (Legislation in preparation) - Можно е следење на интеринституцио­нал­ните процедури, како и пребарување, од моментот штом еден документ ќе влезе во официјална постапка.

Пратенички прашања (Parliamentary Questions) – Ги содржи прашањата поставени од европратениците, но поцелосна е соодветната страна на Европскиот парламент.

Документи од јавен интерес (Documents of Public Interest): коминикеа од Комисијата до Советот, "зелени книги", извештаи, работни документи на Комисијата, "бели книги" и други документи.

Билтен (Bulletin) – месечен преглед на активноситите на институциите и телата на Унијата, со сите референци на документите, предметен индекс, а некои значајни документи се во прилог. Билтенот е значајна библиографска алатка, но треба да се има предвид дека излегува со тримесечно задоцнување.

Годишен извештај за активностите на Европската унија (General Report of the Activities of the European Union) - Европската комисија го поднесува на Европскиот парламент секоја година во февруари.

Заклучоци од Европски совети (European Council Conclusions) – значајно затоа што овде се наоѓаат политичките определби и пораки од највисоко ниво

Извори на информирање (Information sources) - оваа страна е од скоро редизајнирана, со цел информациите да се структуираат на начин што ќе биде подостапен до граѓаните и да содржи прашања што нив ги интересираат. Содржина:

Со кого да се стапи во контакт - врски со интеринституционалниот именик IDEA кој ги содржи сите можни контакти во европските институции, по субјекти и организациски единици; преглед на локални контакти за EU; контакти за деловните луѓе и граѓаните, а посебно за младите.

Како да се најдат информации за Европа - овде целата содржина на серверот е презентирана на друг начин, што можеби почетниците ќе го сметаат за поприфатлив;

Вашиот глас во Европа (Your voice in Europe) - интерактивна страна поделена на четири дела: јавно мислење, поплаки, дискусии и идеи и консултации за одредени значајни документи. Повремено се организираат и интернет разговори со членовите на Комисијата.

Огласи за вработувања;

Публикации (Publications) - Оваа страна е "децентрализирана" и сега не ги содржи сите наслови, туку тематски индекс, како и абецеден список на изворите. Во секој случај, постои голем избор на публикации кои можат да се преземат, а овозможено е и пребарување. Попрепорачливи се публикациите од економската област, кои содржат голем број на показатели и анализи.

Статистика (Statistics) - врска со Агенцијата за статистика - Eurostatt.

Европа директно (Europe Dirict) - наменета за граѓаните на Европа и осмислена во рамките на политиката на транспарентност на Унијата.

Европа на дофат (Europe at your fingertips) - информации и врски со трите национални информативни центри, "Инфо-точки Европа" во 140 европски градови, 129 "рурални информатиивни царрефоурс", 500 европски документациони центри за студентите во универзитети и истражувачки институции (овде се наоѓаат и податоци за Европскиот документационен центар на Економскиот факултет - Скопје).

Во понудата на почетната страна на Еуропа се дадени и менијата: "што е ново" (what's new) - најновите информации и промени на страната - згодно за оние што редовно ја следат; пребарување (сеарцх) - најопшта опција, која обично дава многу широки резултати, а не ги пребарува базите на податоци, контакт (цонтацт) со вебмастерот и "за Еуропа" (about Europa).

Европски парламент
www.europarl.eu.int

Преку едноставно графичко решение, понудата е класифицирана во четири наслови: Pres, ABC, Активности и референци:

Pres - врска до Секторот за информирање кој има богата содржина: најнови вести, наши публикации, кој да се контактира, пребарување (документи од Службата за информации), аудиовизуелен сервис (значајно за заинтересираните средства за јавно информирање).

Во делот ABC - Општи информации (ABC – General Information) се поместени информации за: пратениците; политичките групи; претседателот; практични информации, главно за посета на парламентот; транспарентноста; често поставувани прашања водич (FAQ); јазици (вклучувајќи и терминологија) и тендери.

Активности (Activities) е основната содржина на сајтот на Европскиот парламент, класифицирана според телата: раководни тела (Биро, Конференција на претседатели, пленарни седници, комисии, повремени комисии, меѓупарламентарни делегации, соработка). Овде се наоѓаат сите податоци за составите на телата, нивните програми и дневни редови, записниците и стенограмите од седниците, извештаите на комисиите и сите други усвоени текстови.

Оваа рубрика содржи и три други значајни дела: пишани декларации, пратенички прашања и законодавна опсерваторија (LOI). Од нив, особено е значајна законодавната опсерваторија која ја следи законодавната постапка во сите фази. Сега таа во извесна мера се дуплира со Пре-Леџ, но беше негов претходник.

Референци (References) е многу побогата рубрика одошто кажува самиот наслов. Покрај Деловникот и билтените (за активности во изминатиот месец, планирани седници и билтен на активности кои произлегуваат од седниците), го содржи и планот на седници на Европскиот парламент. Овде се наоѓаат и студиите. Тоа се во прв ред фактографските материјали за Европската унија (Фацт схеетс он тхе Еуропеан унион), кои ги покриваат сите подрачја на активност на Унијата и се добра појдовна точка за проучување на одредено прашање од посебен интерес. За истражувачите уште поинтересна е содржината на публикациите на Истражувачкиот оддел и работните материјали (working papers), како и содржината на страната STOA (Scientific and Technological Options Assessment) – Проценка на научните и технолошките опции.

Во клучни теми (Key topics) се поместени проширувањето и архивата - содржини на теми што порано бие најактулени. Делот за проширувањето содржи богат истражувачки и документационен материјал за вклучувајќи повеќе анализи (working papers). За жал, посебната работна група на Европскиот парламент за проширувањето престана да дејствува на крајот на минатата година.

Очигледно настојувајќи што повеќе да го привлечат вниманието на граѓаните, авторите на веб-сајтот на Европскиот парламент на појдовната страна сместиле икона за Светското првенство во фудбал.

Совет на Европската унија
http://ue.eu.int/

И кај бастионот на “затвореноста” на Европската унија – Советот - политиката на транспарентност донесе промени, што се очигледни на нејзиниот веб-сајт. Сепак, овој сајт како според понудата, така и според темпото на актуелизирање, заостанува зад оние на Парламентот и на Комисијата.

Содржина:

Совет (Council) – Во овој дел се дадени објаснувања за Европскиот совет, Советот на Европската унија, и Претседателството – поими што се најтешки за разбирање од европската конструкција. Конечно, на некој сајт на институциите на Европската унија се појави, макар и сосема куса рубрика за Европскиот совет – политички најзначајниот, а сепак неинституционализиран форум на Унијата. , “Кој е кој” е врската до именикот IDEA. Под “претседателството” се дадени линкови со досегашните претседателства од 1998 година, а секако најбогата е “матичната” страна за Советот на ЕУ, која содржи податоци за функцијата, составот, начинот на работа и други релевантни информации за Советот.

Во “активности” (Activities) се дадени прегледи на активности во политиките за кои Советот е надлежен: заедничка надворешна и безбедносна политика, правда и внатрешни работи, економски и монетарни прашања и научно-технички истражувања.

Страната за заедничката надворешна и безбедносна политика, покрај објаснувањата и новините, содржи посебни осврти за: мониторинг мисијата во поранешн Југославија, европските воени структури и Меѓународниот кривичен суд. Досиејата за односите со трети земји (Third Country summary Files), за жал, не се актуелизирани во целост. [3]

Соработката во областа на правдата и внатрешните работи (Cooperation in the fields of Justice and Home Affairs – JHA) е претставена преку општите информации, Шенген (вклучувајќи и нов прилог – каталог за надворешните граници, ислучување и реадмисија), Европската правосудна мрежа и базата на податоци – компилација на јавно достапните документи од оваа сфера.

Страната за научно-техничка соработка е во подготовка.

Рубриката “односи со јавноста” (Публиц Релатионс) нуди страндардни информации за јавноста, вклучувајќи и “бооксхоп онлине” – понуда на публикации на Советот.

Транспарентноста е задолжителен блок со пристап кон јавниот регистар на Советот, дневни редови и распоред на состаноци, резимеа на актите на Советот, записници, како и преглед на постапки во постапката на соодлучување.

Од рубриката Референци, поспецифичен е делот “спогодби” (агреементс), кој содржи список на договори на Унијата со трети земји, со основните податоци за нив. (http://ue.eu.int/accords/default) Целосниот текст потоа може да се бара во Еур-Леџ. Така, овде стојат податоците за сите спогодби кои Република Македонија ги има склучено со Унијата, вклучително и за тоа кои земји ја имаат ратификувано Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Исто така интересна содржина е страната за односите ЕУ-ОН, креирана од данското Претседателство.

Корисна е страната за терминологија:

http://tis.consilium.eu.int/utfwebtis/frames/introfsEN.htm

Посебна страна на Советот е посветена на неговиот генерален секретар и висок комесар за заедничка надворешна и безбедносна политика – Хавиер Солана. Таа ги содржи неговите активности, говори, распоред на активности (вклучувајќи ги и неговите посети во странство). На пример, пребарувањето за РМ дава 145 документи кај Солана за Македонија од 1995 година (пребарување од 7.07.2002).

Во менито "најнови вести" дадени се соопштенијата за печатот, а "агенда" - најави за седници. Ова е можеби најсиромашен дел, со најави само на францускi.

Јавен регистар на документи - обврска од Регулативата за пристап кон документите. Овде за Македонија од 1.01.1999 се наоѓаат 220 документи.(пребарување од 7.07.2002)

Секое претседателство на Унијата има свој сајт, во кој ја изложува програмата, активностите и документите. Понекогаш овие сајтови се побогати од содржината на сајтот на Советот.

Европска комисија
http://europa.eu.int/com

Сајтот на Европската комисија е поделен на неколку подрачја: најнови вести (Latest news), на дневен ред (On the agenda), Политиките на Европската унија, Комисијата ви стои на располагање (The Comission at your Service) и извори на информирање (Information Sources).

Најзначата содржина се политиките на Унијата поделени во четири подрачја: економија и општество, ЕУ во светот, институционални прашања и финансии. Секоја страна изобилува со податоци, статистики, линкови, публикации… Дури, за некои области постојат и електронски билтени со можно бесплатно доставување (на пример за земјоделската политика, информативното општество).

Извонредно богата страна е за проширувањето на Унијата со линкови до студии, статистички податоци, итн.

Нова е страната посветена на цивилното општество CONECCS - http://www.europa.eu.int/comm/civil_society/ coneccs/index_en.htm

Страната за надворешни односи содржи и посебен дел за Македонија

http://europa.eu.int/comm/external_relations/see/fyrom/index.htm кој ги вклучува сите релевантни документи на ЕУ за РМ. Можна е претплата на неделен билтен за надворешна политика.

“Комисијата ви стои на раполагање” е всушност контактот со организациските делови на Комисијата – генералните директорати, претседателот, потоа информации за вработувања и стажирања, како и упатства како да се оствари контакт со комесарите.

Интересно е да се напомене дека на страната на претседателот, постои и линк до група на политички советници. Оваа Оваа група, која е наследник на поранешната “Forward studies unit” остварува активности со кои се отвораат одредени прашања за натамошното конципирање и обликување на Унијата, така што во подготвителните анализи можат да се најдат интересни идеи. Интересните материјали од поранешната единица за истражување можат да се најдат во архивата на истата страна

http://europa.eu.int/comm/cdp/index_en.htm

Делот за извори за информирање е исклучително богат и неопходно е прво да се разгледа општиот преглед (overview). Во овој блок се содржани анализите од испитувањата на јавното мислење (Eurobarometar), библиотеката, аудио­визу­ел­ната библиотека, порталот кон публикациите http://europa.eu.int/idea/en/index.htm, пристапот кон внатрешните документи. Овде е и врската со информативниот сервис за граѓаните и бизнисот – ЕуропеДирецт, како и пристапот до интеринституционалниот именик IDEA.

Во електронската библиографија на Библиотеката на Европската комисија http://europa.eu.int/eclas/ можно и пребарување и само на извори достапни на Интернет.

Од рубриката "Вести" значаен е сервисот Рапид, кој овозможува брзо информирање за најновите настани, избор по области, вклучувајќи и бесплатна претплата на овој сервис.

Уште на насловната страна, во рамката “Политики на Европската унија” се појавува иконата Play an active role (Играј активна улога), која овозможува врска до интерактивната страна Your voice in Europe (Вашиот глас во Европа). Таа содржи испитувања на јавни мислења, дискусиони форуми, дебати, консултации.

Препорачливо е на секоја страна да се прочита објаснувањето за нејзината содржина преку Абоут тхис паге, зашто тука можат да се најдат попрецизни упатства за опсегот на дадените информации. При проблеми со снаоѓањето на веб-сајтот, секогаш е корисно да се искористи картата на сајтот - сите мап.

Други институции, агенции и тела
- Европскиот суд на правдата: www.curia.eu.int

Од овој сајт интересни се страните за прецеденталното право (вградени во Eur-Lex i CELEX). Покрај тоа, заслужуваат внимание истражувањата и документацијата, како и алфабетскиот индекс на пресуди, списокот на сите пресуди со реферален број, резимеа на одлуки, извештај за примена на правото на Заедницата од страна на националните судови, билтен (Reflet). На оој сајт предност има францускиот јазик и некои документи не се достапни на англиски или се внесени помалку документи на англиски јазик. Пребарување по неколку основи е можно за прецеденталното право (case law) од 1997 година (del od CELEX).

- Европскиот економски и социјален комитет (European Economic and Social Committee)

http://www.esc.eu.int

Можат да бидат интересни мислењата на Комитетот за различни прашања, како и публикациите.

- Комитет на регионите (Committee of the Regions)

http://www.cor.eu.int

- Овде внимание предизвикуваат студиите за децентрализација.

- Европски ревизорски суд (European Court of Auditors)

www.eca.eu.int

- Европска инвестициона банка – (European Investment Bank)

http://www.eib.eu.int

- Изобилува со податоци, како и истражувачки статии http://www.eib.org/efs/papers.htm

- Европски инвестициски Фонд (European Investment Fund)

http://www.eif.eu.int

- Европска централна банка (European Central Bank)

http://www.ecb.int/

- Богат сајт, со изобилство на информации, публикации, истражувачки статии, извештаи.

- Европски омбудсман (European Ombudsman)

http://www.euro-ombudsman.eu.int

- Едноставна, достапна и прегледна страна, свртена пред сe кон граѓанинот на ЕУ.

- Evropol (Europol)

http://www.europol.eu.int/home.htm

- Evrostat - (Eurostat)

http://www.europa.eu.int./comm/eurostat

Веб сајтот на официјалната агенција на ЕУ за статистика располага за огромен број статистички истражувања, но повеќето се со платена претплата.

- Врска со бесплатно достапни податоци: http://www.europa.eu.int./comm/eurostat/Public/datashop/print-catalogue/EN?catalogue=Eurostat

Иако Конвенцијата за иднината на Европа не е институција на Унијата, туку посебно тело за остварување на актуелната расправа за иднината на Унијата, го презентираме и нејзиниот веб-сајт: http://european-convention.eu.int

Научно-истражувачки организации
- Европски универзитет - Firenca (European University – Florence), http://www.iue.it

Во рамките на Универзитетот дејствува и Центарот Роберт Шуман за напреднати студии (Robert Schuman Center for Advanced Studies) http://www.iue.it/RSC

Покрај стандардните информации за оваа научно-истражувачка организација (која е инаку формирана и финансирана од Европските комисија), на веб-сајтот се достапни многу значајани истражувачки материјали за Унијата:

- European Foreign Policy Bulletin online www.iue.it/EFPB/Welcome.html – база на податоци за надворешната политика на Унијата, која содржи голем број различни видови документи за надворешната политика на Унијата од 1987 година: соопштенија за печатот, заеднички ставови, заклучоци на Европскиот совет, одлуки на Советот, други материјали од состаноци на Советот на ЕУ за општи работи, одговори на прашања во Европскиот парламент, изјави на меѓународни форуми и конференции

- Работни материјали – статии на истражувачи на различni теми http://www.iue.it/PUB/EUI_WP.html

- Стратегиски материјали – документи што се производ на поголеми истражувачки проекти.

Универзитетот го издава и Европското списание за меѓународно право (European Journal of International Law) http://www.ejil.org - кое е достапно on-line, но со претплата. Статиите издадени од 1990 до 1998 (1-4) година се достапни бесплатно.

- Програмата Жан Моне, на правните факултетите на универзитетите во Харвард и Њујорк http://www.jeanmonnetprogram.org

Покрај работните материјали http://www.jeanmonnetprogram.org/papers, овој сајт нуди интересни прегледи на активности и водичи, како што е светскиот календар на настани во врска со европската интеграција, The World Wide European Integration Events Calendar

http://www.jeanmonnetprogram.org/calendar/

како и листата на часописи од областа на европската интеграција:

http://www.jeanmonnetprogram.org/TOC/journals.html

а се подготвува и страна за прикази на книги за европската интеграција.

- Центарот Роберт Шуман – Фиренца и Програмата Жан Моне – Њујорк се дел од мрежата на институции кои објавуваат целосни статии за европската интеграција European Integration On-Line Papers, што го издава Здружението за европски студии на Австрија ECSA http://eiop.or.at/

На овој извонредно богат сајт се застапени и други истражувачки организации кои објавуваат статии за европската интеграција:

- Макс Планк Институт за општествени студии – Келн

http://www.mpi-fg-koeln.mpg.de

http://www.mpi-fg-koeln.mpg.de/pu/discpapers_en.html

- Напреднати студии за европеизација на националната држава (ARENA) - Осло (Норвешка)

http://www.arena.uio.no

- Центар за европски општествени студии – Манхајм

http://www.mzes.uni-mannheim.de

http://www.mzes.uni-mannheim.de/publications/wp/wp_E.html

- Една Европа или повеќе? Програма за економски и социјални истражувања - Велика Британија

http://www.one-europe.ac.uk/

http://www.one-europe.ac.uk/cgi-bin/esrc/world/db.cgi/publications.htm

- Кралски Универзитет во Белфаст – Материјали за европеизација

http://www.qub.ac.uk/ies/onlinepapers/poe.html

Сајтот овозможува пребарување на богатата архива на научни статии (ERPA) од скоро 600 наслови.

Покрај овие, постојат и серии на статии на други истражувачки центри кои не се дел од eiop:

- Европски Институт на Универзитетот во Сасекс

- Посебно застапени се статии за Централна и Источна Европа.

http://www.susx.ac.uk/Units/SEI/papers/papers.html

- Центар за студии на европската интеграција – Бон (СРГ)

http://www.zei.de/zei_english/f_publ_dp.htm

- Универзитет Лунд – Шведска

http://www.cfe.lu.se/CFEWP/WPeng.html

- Универзитет – Екситер (ВБ)

http://www.reading.ac.uk/AcaDepts/ce/GSEIS/GSEISframeP.html

- Универзитет Бремен (СРГ)

http://www.zerp.uni-bremen.de/english/publikationen/ diskussionspapiere.php3

- Европски институт за јавна администрација - Маастрихт

http://www.eipa.nl/

- Објавува билтен со статии три пати годишно (Eipascope)

http://eipa-nl.com/public/public_eipascope/Scop_Index.htm

- Универзитетот од Лувен нуди електронски двомесечен билтен на документација за ЕУ :

http://www.euro.ucl.ac.be/ebed

- Истражувачки групи, невладини организации
Постојано се зголемува бројот на независни истражувачки групи (тхинк-тханкс) кои нудат свои размислувања и визии за европската интеграција. Тие го збогатуваат изборот не само на информации, туку и на можни опции и видувања, затоа што обично заземаат определен став кон прашањата што ги третираат. За оние што подолго време ја следат европската интеграциона проблематика, корисно е следењето на ваквите извори, преку кои понекогаш се проверува остварливоста на одредени идеи присутни кај доносителите на политичките одлуки во Унијата.

- Центар за европски политички студии (Center for European Policy Studies)

http://www.ceps.be/index.php

- Презентира статии, извештаи и студии за политички прашања на европската интеграција. Посебно интересен е за читателите на Балканот, кој е постојано во фокусот на вниманието на овој центар, што се изразува и низ редовниот елекронски часопис Europa South-East Monitor.

- Центар за европска политика (The European Policy Center)

http://www.theepc.be

- Објавува статии за актуелни прашања на европската интеграција Може да биде интересен електронскиот часопос “Предизвик Европа” - (Challenge Europe).

- Forum Constitutionis Europae

http://www.rewi.hu-berlin.de/WHI/english/fce/index.htm

- Во организација на Хумболт Универзитетот - Берлин се одржуваат расправи, главно за прашања на уредувањето на Унијата, со еминентни претставници на Унијата и земјите членки, кои потоа се објавуваат на овој веб-сајт, што претставува добра можност за запознавање со актуелните идеи на релевантни политички претставници на ЕУ и земјите членки.

- Здружение на студии на Европската унија (European Unioun Studies Association EUSA)

http://www.eustudies.org

- Покрај стандардните информации, објавува Ревија и форуми – дискусии на одредени теми, а има и линк до дневни вести за ЕУ.

- Центар за европска реформа он-лине (Center for European reform online)

http://www.cer.org.uk

- Во процес на подготовка е мрежниот вебсајт на истражувачки групи, но веќе сега овде се наоѓаат линкови до триесеттина вакви групи во Европа.

http://www.epin.org

- Интересна е и страната на Еуро-актив, кој овозможува и претплата на електронски информации за одредени подрачја од активноста на Унијата

http://www.euractiv.com/cgi-bin/cgint.exe?1&1000=1&tmpl=index

Вести


Најбогата понуда на вести за Европската унија нуди сопецијализираната агенција Agence Europe http://www.agenceurope.com, no so skapa pretplata.

Исто така богата понуда овозможува Европскиот информативен сервис http://eisnet.eis.be, но и тој е со претплата.

Сепак, најевтин и најбрз начин за пристигнување до најнови вести е сервисот Rapid на Европската комисија.

Пребарувачки именици
Корисно помошно средство за изнаоѓање на извори на информации за Европската унија се пребарувачките именици (search engines). Тие можат да бидат појдовно место на пребарување и за почетници и за оние кои имаат дефиниран интерес во сферата на европската интеграција.

Најисцрпен таков именик е оној подготвен од ECSA – Viena Eurointernet http://eiop.or.at/euroint/, кој нуди огромен број на линкови, систематизирани според изворите.

Богат именик нуди и програмата Жан Моне http://www.jeanmonnetprogram.org/links.html

Сличен именик има подготвено и Универзитетот Беркли: www.lib.berkely.edu/GSSI/eu.html

Други организации
Во овој дел би можеле да се наведат голем број меѓународни организации. Меѓутоа, ќе се ограничиме на оние организации кои дејствуваат во сферата на евро-атлантските интеграции, со напомена дека секој што има намера посериозно да ги проучува европските интегративни процеси, мора внимателно да ги разграничи подрачјата и специфичностите на дејствување на секоја од овие организации.

- Совет на Европа

www.coe.int

- Европски суд за човекови права

www.echr.coe.int

- Организација за европска безбедност и соработка (OBSE)

www.osce.org

- Северно атлантска договорна организација NATO

www.nato.int

- Организација за економска соработка и развој (OECD)

http://www.oecd.org

- Располага со извонредно богата документација и истражувачки материјали (http://www.oecd.org/EN/documentation/0,,EN-documentation-0-nodirectorate-no-no-no-0,FF.html).

Во поширокиот круг на меѓународните организации веќе поискусните корисници на Интернет можат да најдат соодветни извори на информации за Европската Унија. Овде посебно мислиме на Обединетите нации и специјализираните агенции на ОН, бретон-вудските институции Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд, како и на Светската трговска организација.

Извори за односите РМ – ЕУ
Во услови кога официјалните македонски институции немаат понуда на податоци и информации за односите меѓу РМ и ЕУ, основен Интернет извор на информирање остануваат сајтовите на европските институции. Покрај претходно наведените содржини за РМ на серверот на ЕУ, од неодамна Делегацијата на Европската комисија во РМ објави свој веб сајт www.delmkd.cec.eu.int. Овој сајт нуди, пред сe информации за сопствените активности, но и некои документи на ЕУ за РМ (како неодамна објавениот прв извештај за процесот на стабилизација и асоцијација).

Македонската информативна агенција MIA на својот сајт www.mia.com.mk има посебна страна за односите ЕУ – РМ, во која всушност се содржани вестите за оваа област објавени на веб-сајтот на Агенцијата; http://www.mia.com.mk/mak/EUnijaMak/eumk_spisok.asp.

 

--------------------------------------------------------------------------------

[1] Овде, под "други европски земји " се наоѓа и линк до владата на РМ и до министерството за информации како портал

[2] Одовде можат да се преземат знамето и химната, под објаснатите услови.

[3] Така, последниот влез за Македонија е од крајот на 2000 година.

 

Линк до интернационалниот сајт

news >>

Македонски

 

 

 

 

 

 

Web design by Pece Angelkovski. Copyrights © 2005mail to webmaster

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

<< на почетокот >>

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

<< на почетокот >>

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

<< на почетокот >>

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

<< на почетокот >>

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

<< на почетокот >>

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

<< на почетокот >>

 

 

About Us
Organization
Memebership
Activities
Collective members and sponsors
Links, partners
Contact with us

"ЕВРОПСКО ДВИЖЕЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА" ул."Кузман Јосифовски Питу " бр.17/51 - Скопје тел.022462257 факс: 022462257
e-mail: contactperson@europeanmovement.org.mk