ЕВРОПСКО ДВИЖЕЊЕ - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ... MOVEMENT EUROPEEN - REPUBLIQUE DE MACEDOINE ... EUROPEAN MOVEMENT - REPUBLIC OF MACEDONIA

 

АКЦИСКА ПРОГРАМА 2002-2004

Белешка

Органите на Европското движење во Република Македонија (ЕДРМ) и Движењето во целина, во својата дејност и настојувања, поаѓаат од основната цел да се придонесе во создавањето на обединета и федерална Европа, заснована на почитувањето на основните човекови права,
на принципите на мирот, развојот и просперитетот, на демократските принципи на слобода, солидарност и учество на граѓаните. Движењето посебно ќе се залага за ширење на европскиот дух и идеи кај нас, а акциски ќе се насочи кон прифаќање на вредностите и стандардите
на европската интеграција кај нас и кон целосно и квалитетно вклучување на Република Македонија во ЕУ.

Подрачјата во кои ЕДРМ ги истварува своите цели и улога се: јавната и информативната дејност, истражувачката и студиската дејност, консултантската, воспитно-образовната, публицистичката и др.

Постојани активности

- Формирање, одржување и употреба на бази податоци за активностите на ЕДРМ и меѓународното Европско движење;

- Установување и одржување на ВЕБ-страна на ЕДРМ;

- Креирање на библио и документалистичка база на извори за односите на Република Македонија и Европската унија и за интеграцијата на РМ во ЕУ.

Јавни акции, дебати, расправи

- Приклучување на ЕДРМ и други НВО од Република Македонија на Граѓанското собрание 2004 и во дебатата за иднината на Европа (мај-јуни 2002);

- Приклучување на ЕДМ на Перманентниот форум на цивилното општество, воспоставување соработка со CEDAG (Европскиот совет на доброволни организации) и со CITTADINANZATTIVA - Мрежата за активно граѓанство (мај-декември 2002);

- Македонија и Европската унија - Прогрес или регрес (дебата- јуни 2002);

- Кризата и меѓуетничките односи во Македонија: Социјална суштина и политички рефлекси (дебата- септември-октомври 2002);

- Повелбата за фундаменталните права на Европската унија - на кој начин во Македонија? (дебата - ноември-декември 2003);

- Македонски прилози и придонес кон Конвенцијата за иднината на Европа и кон Нацрт-Уставот на Европската унија - серија анализи и расправи (до крај на јуни 2003);

- Европското движење на Југоисточна Европа - состанок и тркалезна маса на актуелна тема на претставниците на националните совети на Европското движење на земјите од Југоисточна Европа (ноември-декември 2002);

Истражувачка и студиска дејност

- Евро-барометар - годишна анкета на македонското јавно мнение за Европа, ЕУ и интегрирањето во Евро-атлантските структури ( 2002, 2003, 2004);

- Изработка на повеќејазичен речник на Европската интеграција (2002-2003) и Македонско-европски лексикон (2004);

- Студиски проект (Цивилното општество во Македонија: Конструкциски тешкотии и предизвици( (јуни 2002-декември 2003)

Информативни и образовно-воспитни проекти и акции

- Објавување на електронско списание на ЕДРМ (од јануари 2003);

- Средби на форумот на новинари и уредници за надворешно-политички и европски прашања;

- Воспитно-образовни и информативни активности со наставници и ученици од средните училишта, натпревари за ученици на тема "Македонија и Европа", итн.

Одбележување на 9-ти мај - Денот на Европа

- Редовни годишни активности од образовен, информативен, дебатен и свечен карактер.

Вклучување во програмските активности на меѓународната организација на Европското движење

- ЕДРМ ќе се вклучи во програмски активности организирани од страна на Меѓународната ореганизација на Европското движење, како и активности по иницијатива на други национални совети на ЕД.

ПРЕТСЕДАТЕЛ

д-р Димитар Мирчев

Скопје 16 април 2002 година

 

 

 

Линк до интернационалниот сајт

планирани активности >>
комуникации >>
фото-галерија>>
English

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Web design by Pece Angelkovski. Copyrights © 2005mail to webmaster

За нас
Организација
Зачленување
Акциска програма
Водич, Новости, Развој, Документи
Публикации
Колективни членови и спонзори
Линкови
Контакт

"ЕВРОПСКО ДВИЖЕЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА" ул."Кузман Јосифовски Питу " бр.17/51 - Скопје тел.022462257 факс: 022462257
e-mail: contactperson@europeanmovement.org.mk