31 Мај 2016, Завршна свеченост по повод одбележувањето на 9 Мај, денот на Европа,

Оваа година по повод одбележувањето на денот на Европа се реализираа 12 манифестации. Сите беа успешно завршени. На  свеченост беа направени синтези и еден генерален преглед. Имајќи го во предвид фактот  дека оваа година, како и маинатата, општесвениот амбиент во нашата држава е значиелно оптоварен со политички случувања, одбелжувањето на празникот на европскотот обединување главно содржеше дебати за актуелните состојби. Беа одржани четири кафе дебати, една панел дисусија, една голема студентска конференција со натпревар во ораторство. ЕДРМ пред неколку години истакнуваше дека нема доволно дебати во нашето општево.  Денешната ситуација е поинаква. Може да се рече дека има многу дебати, но не и нови видувања или нови ставови. Инфлацијата е очигледна. Зад доминантната позиција на политичките партии се обидовме да зборуваме отворено и искрено за случувањата. Таков беше пристапот на сите наши говорници. Изразуваме голема благодарност што ја прифатија нашата иницијатива придонесувајќи за оригиналноста и издржаноста на дискусиите.  За секоја од нив веќе дадовме снтези кои можат да се прочитаат од страниците. Се обидовме да одговориме на прашњето: Каде е клучот за евроинтеграциските процеси на Македонија?  Студентите  го поставија поинаку ова прашање: кој не сака Македонија да се интегрира во ЕУ? Дали се тоа студентите? Дали се тоа учениците? Дали се тоа пензионерите? – или работниците? На завршната свеченост беше доделена плакета за соработка со Делегацијата на ЕУ во РМ која лично му беше врачена на НЕ, Амбасадор на ЕУ во РМ, Аиво Орав. Исто така, беа доделени признанија за успешна соработка со Фодацијата Конрад Аденауер-Скопје, признаие на Универзитетот Св. КЛимент Охридски од Битола, призание на Градоначалникот на град Скопје -КОце Трајанов, као и на градоначалникот на општина Куманово-Зоран Дамјановски.

Н

9 Мај, Денот на Европа.