Повик за ПЛАНИНАРСКИОТ МАРШ НА ВОДНО, 7 Мај, Сабота, 2016 година.

ПЛАНИНАРСКИОТ МАРШ НА ВОДНО, 7 Мај, Сабота, 2016 година. Зборно место – пред седиштето на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија (зградата на ЕУ инфо-центарот). Време – 09:00 часот. Овој настан е по повод денот на Европското обединување, 9 Мај и победата над фашизмот, Европско движење во Република Македонија организира искачување до врвот на Водно. Станува збор за традиционален марш на кој се очекува помасовно учество на граѓаните. На зборното место се доделуваат маички и капчиња со и капчиња со симболите на ЕДРМ и ЕУ. Оваа година марашот ја носи пораката: Можеме да ги совладаме препреките! Освен церемонијалниот карактер, оваа манифестација има цел да го афирмира спортот и планинарските рекреативни активности, кои во Република Македонија би требало да бидат значително поразвиени, од тоа што се во овој момент, поради планинскиот карактер на нашата држава. 

 
9 Мај, Денот на Европа.