На кафе дебатата која се одржа 14.04.2016 , во кафе галеријата Тренд (Плоштад) се зборуваше за: Кризата на демократијата и демократија во кризата. Тоа е втора по ред манифестација во реализацијата на Програмата за одбележување на Денот на Европа 9 Мај 2016 година. Говорници беа: Проф. д-р Гордна Силјановска, Проф. д-р Љупчо Цуцуловски, проф. д-р Нано Ружин, Д-р Мухамед Халили, проф д-р Милева Ѓуровска (модератор). Меѓу другото беше истакнато дека современата претставничка демократија се соочува со сериозна криза на Европско ниво, но и на светско ниво, која се поврзува со немоќта на граѓаните. Од страна на сите учесници беше истакато дека почитувањето на правото е „животна средина„ на демократијата. Исто така, користејќи го вокабуларот на општествените науки и сондирајќи подлабоко во историјата на општествата се зборуваше за длабоката политичка криза која го потресува нашето општество, особено за случувањата поврзани со тоталната суспензија на правниот поредок со аболицијата од страна на Претседателот.