Свечена академија по повод одбележувањето на 9 Мај, Денот на Европа;

На 12.05.2015 година беше одржана Свечената академија со која ЕДРМ традиционално го одбелжува завршувањето на многубројните активности преземени по повод Денот на европското обединување. Покрај поздравното обраќање на претседателката на ЕДРМ, проф. д-р Милева Ѓуровска,  поздравна реч имаше Амбасадорот на Европската унија во Република Македонија, НЕ Аиво Орав, како и М-р Снежана Ристовска – претставник на Минстерството за култура на РМ  кое оваа година беше покровител на манифестацијата. Низ активностите дојдоа до израз ставовите на граѓаните кон европските интеграции. И покрај сложениот политички контекст кој беше карактеристичен во периодот на одржување на активносите, граѓаните на Р. Македонија недвосмислено го изразија своето прифаќање на европската перспектива на РМ. Меѓутоа, не треба да се запостави и фактот дека кај граѓаните се појави оправдан револт поради одлагањето на преговорите кои тие го изразуваа на различни начини. Во една варијанта како детски цртеж каде се потенцира идејата за обединувањето преку различностите, а револтот се изразува во смисла: „ние сме само различни и истрајни во нашето верување, но не треба да не маргинализраат поради тоа„ или „Возот замина без нас„.

9 Мај, Денот на Европа.