Европски ден на знамињата, 2015

Разменувањето на македонското и знамето на Европската унија е традиционален настан кој e инициран од ЕДРМ. Оваа година, токму на Денот на Европа, 9 Мај, голем број на планинари, ученици од основните училишта и грѓани направија една колона која носеше македонски и знамиња на ЕУ до врвот на Водно. Претходно претседателката на ЕДРМ проф. Ѓуровска со  Г. Робин Лидл ги разменија македонското и знамето на ЕУ предводејќи ја колоната.  Убавото време, убавата планина, ведрите лица на учениците збогатен со ентузијазмот на планинарите од речиси сите планинарски друштва придонесоа за успешноста на  манифестацијата која има и симболичен карактер. Таа ја истакнува потребата од вземност, пријателство и оптимизам во текот на „искачувањето„. Во иднина се очекува македонското и знамето на ЕУ да бидат заедно закачени на јарбол на врвот на Водно. Целокупната организација на овој настан беше од членот на претседателството на ЕДРМ м-р Маја Манчевска.

Uncategorized.