Денот на Европа, 9 Мај, 2015

Одбележувањето на 9 Мај, Денот на  Европа и оваа година вклучи многубројни активности со кои се настојуваше да се изрази волјата и подготвеноста на граѓаните активно да се вклучат во евроинтеграциските процеси на Република Македонија.  Во манифестациите директно беа вклучени 2000 граѓани, а индиректно преку медиумите, беше инволвирана јавноста во целата држава. Активностите се изведуваа во исклучително сложена политичка ситуација предизвикана од партиска конфронтираност. Меѓутоа, без оглед на политичакта конфузија граѓаните на РМ покажаа висок степен на подготвеност да учествуаат во активностите поврзани со прославувањето на 9 Мај. Ентузијазмот во поглед на евроинтеграциите не беше намален споредено со претходните години.  Иако во рамките на ЕДРМ постоеја дилеми дали да се одржат манифестациите бидејќи во текот на нивната реализација се случи немилиот настан во Куманово во кој  беа загубени човечки животи, сепак, длабоко сочувствуајќи со емоциите кои ги споделуваа сите граѓани, а особено со семејствата на луѓето кои го загубија животот, одлучивме да продолжиме со активностите. Тоа го направивме за континуитетот и за иднината на младите луѓе кои учествуваа во проектот. Моогубројните учесници во манифестациите настојуваа, секој од своето лично гледиште, да испратат порака во јавноста, да ги изразат своите сомневања, своите стравови, но и своите верувања во една подобра иднина.

Во прилог е говорот на Претседателката на ЕДРМ, Проф. д-р Милева Ѓуровска искажан на Свечената академија по повод 9 Мај, Денот на Европа која се одржа на 12.05.2014 година во Младинскиот културен центар.

ПОЧИТУВАНИ ЕКСЕЛЕНЦИИ, ДРАГИ ГОСТИ И ПРИЈАТЕЛИ НА ЕВРОПСКОТО ДВИЖЕЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !

ВИ ПОСАКУВАМ ДОБРЕДОЈДЕ НА СВЕЧЕНАТА АКАДЕМИЈА СО КОЈА ЕВРОПСКОТО ДВИЖЕЊЕ ГО ОДБЕЛЕЖУВА 9 МАЈ, ДЕНОТ НА ЕВРОПСКОТО ОБЕДИНУВАЊЕ.

НА СЕКОЈ ОД ЈУБИЛЕИТЕ ПОВРЗАНИ СО ШУМАНОВТА ДЕКЛАРАЦИЈА СЕ ПОТСЕТУВАМЕ НА МИСЛИТЕ КОИ СÈ УШТЕ, И ПО 65 ГОДИНИ, ПРЕТСТАВУААТ ИДЕЈНИ ТЕМЕЛИ НА ЕВРОПСКОТО ЗАЕДНИШТВО. ЌЕ ПОВТОРИМЕ: ПОТРЕБНО Е ДА СЕ ВЛОЖАТ СЕРИОЗНИ НАПОРИ ЗА ДА СЕ СОЧУВА МИРОТ! –  ИСТАКНАЛ, ТАТКОТО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА РОБЕРТ ШУМАН.

ВО Р.МАКЕДОНИЈА, НА ДЕНОТ ОД ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ, ОДНОСНО НА ДЕНОТ НА ЕВРОПСКОТО ОБЕДИНУВАЊЕ – МИРОТ БЕШЕ ЗАГРОЗЕН.  ДАЛИ СМЕ ДОВОЛНО  СЕРИОЗНИ ВО ВРСКА СО ОВА ПРАШАЊЕ? ВО ОДНОС НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОДГОВАРАМЕ ЦЕЛОСНО АФИРМАТИВНО. ГРАЃАНИТЕ СЕ МНОГУ СЕРИОЗНИ. ТИЕ НЕ БИ ДОЗВОЛИЛЕ МИРОТ И БЕЗБЕДНОСТА ДА СТАНАТ ИНСТРУМЕНТ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ДРУГИ ЦЕЛИ.

СПОДЕЛУВАМЕ ДЛАБОКИ ЧУВСТВА НА ТАГА ЗА ЖРТВИТЕ ОД НЕМИЛИОТ НАСТАН,  КОЈ НЕ САКАМ ДА ГО НАРЕЧАМ КОНФЛИКТ. БЕШЕ МНОГУ ЛЕСНО ДА НЕ ЈА ОДРЖИМЕ ОВАА МАНИФЕСТАЦИЈА, НО ТАКА ЌЕ ОСТАНЕВМЕ ДОЛЖИ КОН ГРАЃАНИТЕ, КОН МЛАДИТЕ ЛУЃЕ НА КОИ ИМ ЗБОРУВАВМЕ ЗА ВРЕДНОСТИТЕ ВРЗ КОИ СЕ ГРАДИ ПРОСПЕРИТЕТНА ИДНИНА. ОВАА СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ЈА ПОСВЕТУВАМЕ, ПРЕД СЕ, НА МЛАДИТЕ ЛУЃЕ И НА ИДНИНАТА.

СВЕЧЕНАТА АКАДЕМИЈА, ИСТО ТАКА ЈА ПОСВЕТУВАМЕ НА ЗРЕЛОСТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ КОИ ИМАТ ПРИРОДНО ВРОДЕНА МАТРИЦА ЗА СОЖИВОТ КОЈА Е СОЗДАВАНА СО ВЕКОВИ.  ЕВРОПСКОТО ДВИЖЕЊЕ ИМА ЦВРСТИ ДОКАЗИ ЗА ТОА. ПРЕД САМО ПЕТ ДЕНА ОДРЖАВМЕ ГОЛЕМА СТУДЕНТСКА МАНИФЕСТАЦИЈА НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО. ДОЈДОА СТУДЕНТИ ОД БИТОЛА, ШТИП, СКОПЈЕ И КИЧЕВО. БЕВМЕ УГОДНО ПРЕЧЕКАНИ, КАКО ШТО ДОЛИКУВА НА ЕДЕН НОВ УНИВЕРЗИТЕТ ПОЛН СО ЕНТУЗИЈАЗАМ. ДЕБАТИРАЈЌИ ЗА ДЕМОКРАТИЈАТА СТУДЕНТИТЕ СЕ ЗАЛАГАА ЗА ПОГОЛЕМИ СЛОБОДИ И ПРАВА, КАКО И ЗА МОЖНОСТИТЕ ДА СЕ НАЈДЕ РАБОТА ПРЕКУ КОЈА ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ ДОСТОИНСТВЕНО. ТРЕБА ДА СЕ СФАТИ ДЕКА ЗА ДА СЕ РАБОТИ ТРЕБА И ДА СЕ ЖИВЕЕ.

ВО САМИОТ ПОЧЕТОК НА КОНЦЕПТУАЛИЗАЦИЈА НА АМБИЦИОЗНАТА ПРОГРАМА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ЕВРОПА НАСТОЈУВАВМЕ ДА ДЕБАТИРАМЕ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ НАДВОР ОД РАМКАТА НА ВООБИЧАЕНИТЕ ТЕМИ. САМО ПРЕД ДВА ДЕНА ВО ОПШТИНАТА КУМАНОВО, ДИСКУТИРАВМЕ ЗА СТРАТЕГИЈАТА 2020 ЗА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА. БЕШЕ УСПЕШЕН ОБИДОТ ДА СЕ УКАЖЕ НА ЗНАЧЕЊЕТО НА РЕГИОНАЛНАТА ИНТЕГРАЦИЈА, НА ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ И ЕВРОПСКАТА ПЕРСПЕКТИВА. НО, ДИСКУТИРАВМЕ И ЗА БЕЗБЕДНОСТА ВО ОПШТИНАТА, БЕЗ ДА СЕ НАСЕТИ ДЕКА ВЕЌЕ НАРЕДНИОТ ДЕН ЌЕ СЕ СЛУЧИ ТРАГИЧНИОТ НАСТАН.

АКТИВНОСТИТЕ СО КОИ ГО ОДБЕЛЕЖАВМЕ ДЕНОТ НА ЕВРОПА ПОВТОРНО ЈА ИЗРАЗИЈА ОПРЕДЕЛЕНОСТА НА ГРАЃАНИТЕ ЗА ЕВРОПСКАТА ПЕРСПЕКТИВА НА НАШАТА ДРЖАВА, НО ЗА ЖАЛ ВЕЌЕ НЕ ГО ПОСТАВУВААТ ВООБИЧАЕНОТО ПРАШАЊЕ: КОГА ЌЕ ВЛЕЗЕМЕ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА. ЦРТЕЖОТ КОЈ ГО НАСЛИКА УЧЕНИЧКАТА МИА ГОРЧЕСКА ОД ШЕСТО ОДДЕЛЕНИЕ ЈА ПОКАЖУВА СОСТОЈБАТА НА ДУХОТ НА ГРАЃАНИТЕ ПОВРЗАНИ СО ЕВРОИНТЕГРАЦИСКИТЕ ПРОЦЕСИ НА РМ.

И ДЕНЕС МЕЃУНАРОДНОТО ЕВРОПСКО ДВИЖЕЊЕ ВО БРИСЕЛ ПОСТОЈАНО ГИ ПОТСЕТУВА ЕВРОПСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЗА ОСНОВНИТЕ ВРЕДНОСТИ ВРЗ КОИ СЕ ИЗГРАДИ УНИЈАТА. НИТУ ЕДЕН МЕСЕЦ УНИЈАТА НЕ ЌЕ ПОСТОЕШЕ ДОКОЛКУ ДРЖАВИТЕ НЕМАА ДИЈАЛОГ, ДОКОЛКУ СЕКОЈА ОД НИВ ЈА ДРЖЕШЕ СОПСТВЕНАТА СТРАНА.  ИСТО ТОЛКУ ЗНАЧАЕН МОМЕНТ, КОЛКУ И ДИЈАЛОГОТ МЕЃУ ДРЖАВИТЕ, БЕА САМИТЕ ГРАЃАНИ БЕЗ ЧИЈА СОГЛАСНОСТ ТАА НЕ МОЖЕШЕ ДА ПОСТОИ. ЕВРОСКЕПТИЦЗМОТ НЕ ПОТЕКНУВА ОД ДРЖАВИТЕ, ТУКУ ОД ГРАЃАНИТЕ, А ТОЈ СЕ ЈАВУВА ТОГАШ КОГА НЕ СЕ ПОЧИТУВА НИВНОТО МИСЛЕЊЕ И НЕ СЕ ИЗЛЕГУВА ВО ПРЕСРЕТ НА НИВНИТЕ БАРАЊА. ЕВРОПА ДЕНЕС СЕ МЕНУВА ВО ПРАВЕЦ НА ПОГОЛЕМА ГРАЃАНСКА ОТВОРЕНОСТ ЗА КОЈА СЕ ЗАСЛУЖНИ ОГРОМЕН БРОЈ НА ГРАЃАНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ. МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ НЕ СЕ ЕВРОСКЕПТИЦИСТИ.

НА КРАЈОТ, ИЗРАЗУВАМ БЛАГОДАРНОСТ ДО НАШИТЕ ПАРТНЕРИ БЕЗ КОИ РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ 9 МАЈ, ДЕНОТ НА ЕВРОПА НА ЕДРМ НЕ ЌЕ БЕШЕ МОЖЕН. НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕВРОПСКАТА  УНИЈА ВО РМ, НА ФОНДАЦИЈАТА КОНРАД АДЕНАУЕР КОЈА ПОКАЖУВА ИСКЛУЧИТЕЛЕН ИНТЕРЕС ЗА МЛАДИТЕ И НИВНАТА ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА, ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ВО ВЛАДАТА НА РАМ, ДО ОПШТИНИТЕ КУМАНОВО И БИТОЛА, БЛАГОДАРНОСТ ДО ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО, КАКО И ДРУГИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ, СРЕДНИ УЧИЛИШТА И ГРАДИНКИ.

ЈА ИЗРАЗУВАМ И МОЈАТА ИСКРЕНА БЛАГОДАРНОСТ ДО ИСКЛУЧЕТЕЛНАТА ЕКИПА НА ЕДРМ КОЈА Е ЕДИНСТВЕНА ПО СВОЈОТ ЕНТУЗИЈАЗАМ, ПО НИВНАТА ГОЛЕМА ПОСВЕТЕНОСТ ВО РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА АКТИВНОСТИТЕ, НО И СКРОМНОСТ ВО ПОГЛЕД НА НАГРАДУВАЊЕТО. НАЈГОЛЕМАТА САТСФАКЦИЈА ЗА СИТЕ НАС Е НАПРЕДУВАЊЕТО НА ЕВРОИНТЕГРАЦИСКИТЕ ПРОЦЕСИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО

9 Мај, Денот на Европа.