Знаејќи повеќе за Европската унија знаеме повеќе за нас. Едукација на средношколци за европските интеграции.

Веќе десетина години ЕДРМ го реализира проектот од едукативен карактер Знејќи повеќе за ЕУ знеме повеќе за нас.  Собранието на град Скопје во рамките на грантовите за подршка на граѓанските здруженија го подржа овј проект. Проектот вклучи пет средни училишта, по едно од секоја општина во градот Скопје. Тоа беа: Георги Димитров, Јосип Броз-Тито, Кочо Рацин, Владо Тасевски и Арсениј Јовков. Прокетот вклучи активности од различен карактер. Најпрво беа држени часови за основните принципи на функционирање на ЕУ, како и за актуелностите во ЕУ. Наставата ја држеа магистри и докторанти на студиите по европеистика. Потоа беше одржано едно пригодно предавање за сите ученици во салата на Собранието на град Скопје. Во текот на Јануари 2015 година се одржа квиз натпревар на кој учествуваа пет екипи (секоја по три ученика). Учесниците во проектот потоа учествуваа во зимската младинска школа одржана во Крушево во рамките на програмата за едукација на Фондацијата Конрад Аденауер. Низ една систематска едукација поминаа стотина ученици.

 

Проекти.