Студија за развојот на социјалната економија во Југоисточна Европа. Проект во рамките на Стратегијата 2020 за ЈИЕ. Проект на Центарот за регионална соработка (RCC)

SEE_2020_Strategy_14_10_13_FINAL_418176046 (1)

 

Студијата за развојот на социјлната економија е анализа на состојбите во овој домен на следните држави: Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна гора, Србија, Косово и Албанија. Од анализата се гледа дека постојат определени традиции на социјална (алтернативна) економија, но тие значително се разликуваат од традициите во западните држави. На регионално ниво се забележени определени разлики кои покажуваат дека во некои држави на Регионот алтернативната економија се појавува во форма на задруги, некаде таа улога ја имаат граѓанските здруженија, а помалку се застапени потпорните друштва, социјалните претпријатија, фондации и сл.  Главно доминираат граѓанските здруженија чија економска моќ незначителна. Во тој контекст, натамошните активности на проектот ќе одат во насока да се развијат стратегии и поконкретни акциски палнови за развојот на оваа економија која значително може да го подобри квалитетот на живеење на популацијата намалувајќи ги социјалните тензии кои во овј Регион имаат голем притисок. Носител на проектот беше Европското движење на Србија.

Проекти.