Разговор на претставници на ЕДРМ со градоначалникот на општината Штип, Илчо Захариевски;

На 08.06.2014 година со градоначалникот на општина Штип, Г. Илчо Захариевски, беше разговарано за ревитализација на огранокот на ЕДРМ во Југоисточниот регион.  Имено, беше напоменето дека ЕДРМ со својата методологија на работа и интернационалната мрежа во во која членуваат 36 држави може да придонесе за афирмација на евроинтеграциските процеси во Регионот. Се очекува во текот на септември да се одржи панел дискусија на тема: Разумен, одржлив и инклузивен економски развој. На оваа конфернција се очекува да учествуваат економски субјекти, претставници на невладините организации, политички партии и други засегнати организации од сите 11 општини на Југоисточниот плански регион.

На средбата од страна на ЕДРМ учествуваа: Г. Никола Тодоровски,  проф. д-р Милева Ѓуровска, проф. д-р Константин Миноски, проф. д-р Љупчо Сотировски.

Uncategorized.