Посебни признанија за посветеност кон развојот на РМ, хуманост и афирмација на РМ во европскиот простор во 2013 година

Оваа година Европското движење во Р. Македонија додели четири признанија за посветеноста во афирмацијата на Р. Македонија во Европа, за лицата кои со својата хуманост ги афирмираат основните човечки вредности. Тоа што беа номинирани четири жени не е случајно.Во изминатите години, ЕДРМ без посебни претензии да го направи тоа, за личности на годината, главно, номинираше од машката популација. Сондирајќи во светот на остварувањата на женската популација беше забележено дека има цело богатсво од професии (менаџери, лекари, професори, енженери и други) кои се извршувани со голем успех од страна на жените. Сакајќи да го истакнеме овј аспект одлучивме секоја година да доделуваме признанија  за професионална посветност и развој, се разбира, за припаднниците на обата пола.

Признанија за професионална посветеност и развој за 2013

Станува збор за:

Д-р Елизабета Канческа Милевска која го претстави нашиот културен трзор низ престолните на Европа;

Г-ѓа Индира Кастратовиќ: врвната и многу талентирана спортистка  која носејќи го дресот на нашата ракометна репрезентација, или како член на нашите спортски клубови, ги поттикнуваше нашите национални чувства.

Примариус д-р Аспазија Софијанова:  личност со огромна енергија и посветност кон својата професија за која може да се каже дека е многу повеќе од прзентирање на хуманост-тоа е борбата за еден нов човечки живот.

Г-ѓа ИлинабАрсова: врвна спортистка која искачувајќи се на највисоките врвови во светот е пример за тоа дека високите цели не се недофатливи.

9 Мај, Денот на Европа.