Европска личност на годината за 2013: Ана Дурловски, Македонската ѕвезда во светот на музиката;

Оваа година наградата, која Европското движење во Република Македонија традиционално ја доделува, ја доби оперската ѕвезда Ана Дурловски.  Практиката да се додели награда за Европска личност е воведена уште во самиот почеток на дејствувањето на Меѓународното европско движење (МЕИ). Имено секоја година во сите држави членки на МЕИ се избира личноста со посебни заслуги. Во Македонија оваа награда се доделува континуирано од 2000.

Наградата беше објавена на Свечената академија организрана од страна на ЕДРМ, на 14.05.2010. Со оглед на тоа дека Дурловски во моментот ја подгвотвува својата премира во Кралската опера во Мадрид која ќе се одржи на 17. Мај, 2014, Плакетата ќе се додели на посебна манифестација со кафе дебата: Културата и нејзината моќ да ги обединува луѓето, која ќе се одржи на крајот на август оваа година.

Искрени честитки до нашата Ана Дурловски!