Натпревар во ораторство на тема: За ЕУ интеграција наместо ЕУ миграција!

 К О Н К У Р С

 

ЗА НАТПРЕВАР ВО ОРАТОРСТВО НА ТЕМА: ЗА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА НАМЕСТО ЕУ МИГРАЦИЈА!

 

Европското движење во Република Македонија кое дејствува во рамките на Меѓународното европско движење со седиште во Брисел, традиционално, од своето оформување во 1991 година, го одбележува Денот на Европското обединување, 9ти Мај.

По тој повод се распишува Конкурс за натпревар во ораторство на тема:

„За ЕУ интеграција наместо  ЕУ миграција!“

Жири комисијата која ќе ги оценува натпреварувачите ја сочинуваат: еден претставник на Европското движење во Р. Македонија, еден претставник на Делегацијата на Европската унија во Р. Македонија и еден претставник од дипломатските претставништва во РМ. Најдобрите тројца оратори (од сите универзитети) ќе бидат наградени, а наградите ќе бидат доделени на свеченоста која ќе се одржи на 9ти Мај 2014 година, во Скопје.

Меѓу активностите кои, исто така, претставуваат традиција е и Собирот на студентите од сите поголеми универзитети во Република Македонија. Станува збор за студенстска дебата на тема: Европската унија како предизвик за младите во Македонија во која учествуваат по педесетина студенти од секој универзитет. Дебатата ќе биде модерирана од страна на претставници на ЕДРМ, Делегацијата на ЕУ во РМ и универзитеот-домаќин. Студенстската дебата ќе се одржи во истиот ден кога и натпреварот во ораторство (детална програма дополнително ќе биде доставена).

Оваа година домаќин на Собирот е универзитетот Гоце Делечев-Штип. Ги покануваме студентите од Вашиот универзитет да земат активно учество во студентската дебата и во натпреварот по ораторски вештини кој ќе се одржи на почеткот на мај 2014 година во просториите на споменатиот универзитет.

Правила за натпреварот по ораторски вештини:

  • Учествуваат најмногу тројца оратори од секој универзитет;
  • Ораторите, освен на македонски јазик, можат да се обратат и на англиски и албански јазик.
  • Настапот на секој оратор треба да трае максимум 4 минути;
  • Ораторите кои ќе го надминат временскиот лимит од четири минути се елиминираат од процедурата на оценување;
  • Имињата на ораторите да се пријават до организаторот две недели пред одржувањето на манифестацијата (25.04.2014);
  • Комисијата е формирана од членови кои не припаѓаат на ниеден од универзитетите учесници;
  • Прогласувањето на најдобрите тројца оратори ќе биде веднаш по натпреварот, а доделувањето на наградите со кратка презентација на говорот ќе се одржи на 9ти Мај 2014 (детални информации во врска со времето и местото на доделување на наградите ќе бидат доставени дополнително).

Очекуваме триесетина студенти од вашиот универзитет да учествуваат во студентската дебата и натпреварот во ораторство. Организаторот ги покрива трошоците за патување.

Контакт:        Марија Вељовска – Кондовска

em.macedonia@europe.com

тел.: 077 514 556

 Со почит,

 ЕВРОПСКО ДВИЖЕЊЕ ВО Р. МАКЕДОНИЈА

 Проф. д-р Милева Ѓуровска

Претседател на ЕДРМ

 

Скопје, 17 март 2014

Документот во оригинал можете да го најдете овде: К О Н К У Р С оратори 2013

Конкурси, семинари.