Конкурс за најдобра куса аматерска театарска претстава: Јас би сакал/а да ја живеам Европа во Македонија

К О Н К У Р С

 

ЗА НАЈДОБРА КУСА АМАТЕРСКА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА НА ТЕМА: Јас би сакал/а да ја живеам Европа во Македонија  

Европското движење во Република Македонија кое дејствува во рамките на Меѓународното европско движење со седиште во Брисел, традиционално, од своето оформување во 1991 година, го одбележува Денот на Европското обединување, 9 Мај.  Меѓу многубројните активности е Конкурсот за избор на најдобра куса училишна драмска претстава на тема:  Јас би сакал/а да ја живеам Европа во Македонија.

Право на учество на овој конкурс имаат талентираните ученици  кои членуваат во драмските секции од средните училишта. Постапката на пријавување е следната:

  • Подготовка на едно сценарио поврзано со темата. Пожелно е претставите да бидат со хумористичен и ведар карактер. Може да бидат сатирични, но не и деструктивно критични или навредливи. Исто така, треба да се избегнуваат дневно политичките случувања и содржини кои индицираат дискриминација кон определени малцински групи.
  • Театарската престава не треба да трае подолго од 15 минути;
  • Пријавување на претставата во секретаријатот на ЕДРМ на e-mail: em.macedonia@europe.com;
  • Најдобрата претстава ќе биде наградена со пригодна награда која ја обезбедуваат спонзорите на Европското движење во Р. Македонија. Истата ќе биде доделена на 9ти Мај 2014, на свечената академија по повод одбележувањето на Денот на Европа.

(Детални информации за одржување на натпреварот ќе бидат дополнително доставени).

Крајниот рок за пријавувањето на драмските претстави е 25 април 2014 година.

Со почит,

ЕВРОПСКО ДВИЖЕЊЕ ВО Р. МАКЕДОНИЈА

Проф. д-р Милева Ѓуровска

Лице за пријавување на претставите: Марија Вељовска Кондовска

e-mail: em.macedonia@europe.com

Скопје, март 2014

Кликнете овде за оригиналниот документ:  К О Н К У Р С драмска претстава 2013

Конкурси, семинари.