Усвоени нови резолуции на ЕМИ, Хаг, 29.11.2013,

На 29 ноември во центарот Киви Нириа во Хаг се одржа Собрание на членовите на Интернационалното европско движење. На Собранието беа присутни претставници од 20 земји кои имаа увид во сите документи и резолуции по кои се дискутираше, а подоцна и се гласаше.

Дневен ред:

  1. Извештај од членките и дискусија за политичката ситуација во ЕУ
  2. Европски план за одржлив развој и вработување
  3. Кон посилна одбранбена политика на ЕУ
  4. Панел: Јакнење на Европа, пристап оддолу-нагоре и излегување накрај со евроскептицизот
  5. Изборите и што потоа
  6. Гласање на резолуции.

Синтеза на излагањето на претседателката на ЕДРМ проф. д-р Милева Ѓуровска

Во однос на проширувањето на ЕУ, претседателката проф. д-р Милева Ѓуровска истакна дека Македонија по петти пат добива позитивен извештај од страна на ЕУ,  но  преговорите за влез во Унијата повторно се одложени. Исто така, беше истакното дека државата покажува напредок, особено во однос на планот на легислативата која е значително хармонизирана и адаптирана на националниот контекст. Според многу индикатори Македонија ги исполнува условите и дека одлагањето на датумот на преговите негативно се одразува врз степенот на прифаќање на ЕУ од страна на граѓаните, но и врз и креирањето и реализацијата на политиките за развој на државата. Се додаде дека ЕУ треба да има позначителен интерес за Регионот во кој продираат влијанијата од другите региони кои покажуваат подготвеност за поголема економска соработка. На констатацијата: Дали европските проекти ќе бидат финасирани со кинески пари (преземена од нашите печатени медиуми) се разви дискусија подржана од претседателот на Европското движење на Романија кој укажа на повеќе детали од Самитот на државите од Југоисточна Европа со Кина.

Од наша страна, но и од страна на Данското европско движење, беше укажано дека освен декларациите ЕМИ треба да се занимава и со зајакнување на соработката меѓу националните совети, да се залага за повеќе заеднички проекти и други заеднички активности. Се додаде дека, ЕДРМ веќе подолго време аплицира за европски проекти,  но без успех и предложи заеднички средби од регионален карактер. Во билатералните средби продолжи дискусијата за проектите кои треба да претставуваат главна активнот на ЕМИ.

Заклучоци по основ на изгласаните предлог-резолуции

Вработувањето останува како еден од главните приоритети на Унијата. Во оваа смисла е подготвен и Специјален план за одржлив развој и вработување како препорака до Европската комисија во форма на резолуција која што беше изгласана. Главните одредници кон кои треба да се стремиме е превенција (на младите вработени), инфраструктура, нови технологии, нови извори на енергија, заштита на околината и културното наследство, иновации и напредна едукација на вработените и професионален тренинг. Главниот акцент е ставен на превенцијата на младите кадри, квалитетно да се обучуваат и да се стекнат со вештини за работа. Од друга страна, генерално, на човечките ресурси во сите 3 сектори (јавен, приватен, невладин) треба да им се обезбедуваат постојани напредни обуки и професионален тренинг за да бидат во чекор со развојните тенденции. Само на тој начин ќе имаме одржлив развој и квалитетни луѓе.

Ппредлог-резолуција беше планот за јакнење на одбранбената и безбедносната политика на ЕУ кој е главна тема за која ќе се разговара на декемврискиот самит на Европскиот совет (19 и 20 декември 2013). Целта на ЕУ е јакнење на нејзината глобална позиција. Исто така, јасната комуникација со граѓаните за ова прашање има голема важност. Европското движење е уверено дека „само подлабока интеграција во полето на одбраната и безбедноста ќе и дозволи на Европската Унија да ги задржи милитарните можности, да ја зајакне својата глобална позиција и перманентно да ја осигура својата сигурност“. Ова е сложено поглавје за кое е потребно алокација на ресурси, организација и имплементација, и токму поради ова присутните искажуваа дилеми и двоумења.

Евроскептицизмот и формирањето на ентиевропски партии и алијанси е знак дека ЕУ треба да се загрижи и да преземе конкретни дејствија во однос на разбивање на оваа состојба, а во контекст на изборите во мај, 2014 година. Во оваа смисла беше дискутирано за начините како да се анимираат неодредените граѓани (процентуално околу 50%) за да се насочат во интерес на зачувувањето на Унијата.

Европското движење во следната усвоена резолуција покажа загриженост за намерата на британскиот премиер Дејвид Камерун да ги исклучи (да ги тргне) граѓаните на ЕУ од Англија, доколку не најдат работа во очекуваното време. Оваа резолуција произлегува како резултат од несоодветниот третман на премиерот кон извесни земји од ЕУ, особено од Романија и Бугарија.

MC-2013-006-Resolution on European Plan for Sustainable development and Employmnet

MC-2013-007-Resolution on 2014 EP Elections 

MC-2013-008-RESOLUTION on Euroscepticism and anti-European Movements 

MC-2013-010 – UK plans to expel EU citizens

Документи.