Кафе дебата во кафе галерија Тренд, Скопје – Европските интеграции низ хрватската и македонската перспектива.

По повод последното проширување на Европската унија со кое Република Хрватска беше примена како 28 држава-членка, Европското движење во Република организра дебата на тема: Европските интеграции низ хрватската и македонската перспектива. Станува збор кафе-дебата на која во понаков амбиент и на спонтан (неформален) начин  ќе бидат дискутирани определени прашања поврзани со проширувањето на Европската унија, акцелераторските аспекти на последното проширување, но и некои позначајни теми од актуелните состојби во Европската унија. Дебата ќе се ќе се води во кафе-галеријата Тренд во центарот на Скопје со почеток во 19ч.

Воведни излагања од:

Г. Фатмир Бесими, Вицепремиер во владата на Р. Македонија;

Проф. Златко Крамариќ, Амбасадор на Хрватска во Р. Македонија;

Проф. д-р Димитар Мирчев, Почесен претседател на ЕДРМ;

Проф. д-р Милева Ѓуровска, Претседател на ЕДРМ;

Invitation – Cafe debata

Активности.