Свечена академија по повод одбележувањето на Денот на Европа;

Свечената академија која Европското движење традиционално ја органиазра по повод 9 Мај, Денот на Европа се одржа на 20 мај 2013 година во Младинскиот културен центар во Скопје. Покровител на оваа завршна манифестација беше Г-дин  Никола Попоски, министер за надворешни работи на Р. Македонија. Изразуваме јавна благодарност за неговата исклучителната отвореност за сорбаотката со ЕДРМ и истакнато значење на граѓанскиот сектор во евроитеграциските процеси.

Оваа манифестација е израз на партнерството на сите субјекти кои учествуваат во евоинтегрциските процеси, односно Делегацијата на ЕУ во РМ, Секретаријатот за европски прашања, Универзитетите, средните училишта, основните училишта, општините и граѓанските здруженија.

Беше доделена наградта Европска личност на годината. Оваа година за личност со посебни заслуги во афирмацијата на Р. Македонија во Европа и во светски рамки е Академик, д-р Љупчо Коцарев, актуелен потпреседател на Македонската академија на науките и уметностите.

AGENDA eng 2013

Invitation

Проекти.