Студентска дебата и натпревар во ораторство на студентите од повеќе универзитети во Република Македонија во Американ колеџ- Скопје

По повод одбележувањето на 9 мај, Денот на Европа, на 10 Мај 2013 година Европското движење во Република Македонија организра голема студентска манифестација на која ќе учевствуваат студентите од универзитетите: Светите Кирил и Методиј од Скопје, Универзитеот ФОН, Гоце Делчев од Штип, Универзитотот на Југоисточна Европа, Климент Охридски од Битола, Државниот универзитет од Тетово. Домаќин на настанот е Американ колеџ од Скопје.

По свеченото отворање и поздравните говори на претставниците од Делегацијата на Европската унија во РМ, на вицепремиерот Фатмир Бесими, г-ѓа Ања Чимек од Фондацијата Конрад Аденауер, како и ректорите на универзитетите ќе се одржи студентска дебата на тема: Младите во Европа и во Република Македонија: Меѓу граѓанскиот активизам, вработеноста и маргинализацијата. Исто така, ќе се одржи натпревар во ораторски вештини за кој веќе се пријавени 20 учеснци. Комисијата за оценување ја сочинуваат претставници на Делегацијата на ЕУ во РМ, претставници на ЕДРМ како и претставник од дипломатските претставништва. Темата за ораторскиот натпревар е: Доста сонувавме, веќе е време да ги оствариме соништата.

Lista na oratori

Pobednici vo oratorski natprevar

Uncategorized, Проекти.