ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА НИЗ СОРАБОТКАТА НА ПАРЛАМЕНТИТЕ, ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО И НЕЗАВИСНИТЕ РЕГУЛАТОРИНИ ТЕЛА ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Собранието на Република Македонија во соработка со Европското движење во Република Македонија на 15 и 16 Април организраа меѓународна конференција во рамките на Процесот на соработка во Југоисточна Европа ПСИЈЕ (SEEPCP-  South-East European Cooperation Process). Исто така, конференцијата претставуваше дел од активностите по повод одбележувањето на 9 Мај, Денот на Европа. Во изминатата декада, од институциите на ЕУ, Меѓународното Европско движење и многу други невладини и независни органи, вклучувајќи ги оние од регионот на ПСЈИЕ, беше постојано нагласувана потребата  за про-активен граѓански сектор. Оваа тенденција особено дојде до израз во оваа година која од страна на ЕУ беше прогласена како Година на европските граѓани.

Мотивот за одржување на конференција со ваков наслов  произлезе од потребата да се знае повеќе за актуелните состојби во Европската унија каде јасно е изразена потребата за промени кои ќе доведат до нејзина внатрешна консолидација. Исто така, мотивацијата е поврзана со потребата за  синергично и координирано дејствување во Евроинтеграциските процеси на владините тела, невладините организации и другите независни актери кои дејствуваат кон остварување на истата цел, и покрај разликите во нивните пристапи. Организациите на граѓанското општество, како и независните регулаторни тела, кои претставуваат дел од оваа конференција, имаат исклучително значајна улога во јакнењето на демократијата, во развивањето и имплеменатацијата на европските регулативи во различни домени (афирмацијата на човековите права, заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на живеење, борбата против корупцијата, слободни медиуми и друго). Не од помало значење е  дебатата за проширувањето на ЕУ  т.е. отворената дискусија за дилемите и специфичните патишта на пристапување на пооделни држави кои се наоѓаат на различно претпристапно ниво. Споделените искуства и размената на добрите практики ќе претставуваат бенефит од конфернцијата за целукупната јавност, како  и поттикнувањето на поголема солидарност во поглед на новите предизвици на евроинтеграциските процеси.

Проекти.