Свечена академија на Европското движење во Република Македонија по повод одбележувањето на 9 мај, Денот на Европа;

Свечената академија која  ЕДРМ традиционално ја организира по повод одбележувањето на 9 Мај, Денот на Европа, веќе 20 години,  ќе се одржи на 10 Мај 2012 година во Младинскиот културен центар во Скопје, со почеток во 18 часот. На Академијата ќе имаат свои обраќања: Потпретседателката на владата на РМ, проф. д-р Теута Арифи, НЕ – Амбасадор на ЕУ во РМ, Г-дин Аиво Орав, Претседателката на ЕДРМ и други видни гости. Оваа година покровител на на манифестацијата е Потпретседателката на владата на РМ, проф. д-р Теута Арифи, односно Секретаријатот за европски прашања во владата на РМ.

На Академијата ќе се додели признанието за Европска личност на 2012 година кое редовно се доделува на личности кои придонесуваат за афирмација на РМ во Европа и кои значително придонесуваат за промоција на хуманистички  вредности, јакнењето на човековите права и слободи – како основни вредности на ЕУ, како и личности кои придонесуваат за социјалниот и економскиот развој на нашата држава.

Исто така ќе бидат доделени наградите објавените од конкурси: за најдобар средношколски есеј на тема  Сите заедно кон Европската унија; за најдобра куса аматерска театарска претстава на тема: Европската унија за сите генерации; најдобар оратор на тема  Што Европската унија ќе ми донесе мене и на моето семејство;

На Академијата ќе настапи најдобрата актерска средношколска драмска секција на тема: Европските реформи во здравството.  Исто така, ќе се претстават млади училишни таленти од сите генерации.

Uncategorized.