Европското движење во Република Македонија во партнерство со општината Аеродром, Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, како и планинарските друштва Трансферзалец и Кораб организираат планинарски марш до врвот на Водно. Дел од церемонијата се однесува на размена на знамињата (македонското и знамето на ЕУ) меѓу Претседателот Ѓорге Иванов и Амбасадорот Аиво Орав. Сепак, освен симболиката која треба да ја покаже блискоста меѓу Р. Македонија и Европската унија, овој настан има цел да го промовира планинарство и да го насочи вниманието на македонските граѓани кон убавите планини со кои изобилува нашата држава.