Ликовен натпревар за децата од градинките и основните училишта

На  25.4.2017 година, во ТЦ „Капитол мол“ се одржа ликовен хепенинг на кој децата од  градинките и учениците од основните училишта цртаа на тема: „Ја сакам Европа“ во организација на Европското движење во Република Македонија, општината Аеродром и Европската делегација во Република Македонија по повод прославата на 9-ти Мај, Денот на Европа.
На крајот од настанот наградите ги доделија шефот на Мисијата на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар, градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски и претседателката на Европското движење во Република Македонија, Милева Ѓуровска. Настанот го збогати уметникот Цветин кој ги охрабри младите сликари истовремено и самиот тој насликувајќи бројни цртежи со цветчиња како порака за мир кои потоа им ги подари на присутните.
За најдобра ликовна творба во категоријата од предучилишна возраст е избран цртежот на ИВА МИНОВА од градинката „Срничка“ објект „Црвенкапа“.
Во категоријата од одделенска настава за најдобар е избран цртежот на ФИЛИП КОСТАДИНОСКИ од Vв од ООУ „Димитар Македонски“.
Осмоодделенката МОНИКА СТОЈКОВСКА од VIII2 од ООУ „Браќа Миладиновци“ е избрана за најдобра во категоријата од предметна настава.
Цртежите од ликовниот конкурс, како и наградените творби, ќе бидат изложени во трговскиот центар „Капитол мол“ до 9 мај.
Целта на оваа манифестација е не само да се развие детската уметничка креативност и инвентивност, туку и младата популација од Општина Аеродром да се приближи кон европските вредности.

Фотографија на Општина Аеродром.

Фотографија на Општина Аеродром.Фотографија на Општина Аеродром.

Фотографија на Општина Аеродром.Фотографија на Општина Аеродром.

Фотографија на Општина Аеродром.Фотографија на Општина Аеродром.