Панел дискусија: Шеесет години од потпишувањето на Римскиот договор: Дали е Македонија на вистинскиот пат?

Во чест на одбележување на 60 – годишнината од потпишувањето на Римскиот договор (25.03.1957), на 31.03.2017 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Европското движење во Република Македонија одржа панел-дискусија, со која се надоврза на пригодните активности на Меѓународното европско движење од Брисел по истиот повод. Во дискусијата насловена како „Дали е Македонија на вистинскиот пат кон Европа?“, во која меѓу другото се водеше околу прашањата за развојот на Европскиот проект од формирањето на Европската економска заедница до денес, за актуелните состојби во ЕУ како и за европската перспектива на Република Македонија, беше отворено и прашањето: Дали е, всушност, Европа на вистинскиот пат?- кое експлицитно го постави директорот на Фондацијата Конрад Аденауер, Јоханес Раи.
Други говорници беа претставници на академската средина, на дипломатските претставништва во Македонија, лица активни во доменот на евроинтеграциските процеси и други јавни личности, меѓу кои деканот на Филозофскиот Факултет од Скопје, проф. д-р Горан Ајдински, шефот на Мисијата на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар, професорите од Правниот Факултет „Јустинијан Први“ од Скопје, проф. д-р Гордана Силјановска и проф. д-р Александар Спасеновски, ректорот на ФОН Универзитетот, проф. д-р Нано Ружин, како и поранешниот партеник Мерсел Биљали, додека модераторка на дебатата беше претседателката на Европското движење во Република Македонија, проф. д-р Милева Ѓуровска.
Евроамбасадорот Жбогар рече дека клучот за нашата иднина е обединетата и суверена Европа. Тој додаде дека од „Брегзит„ за кој жалиме произлезе и нешто добро, а тоа е поголема решителност и обединување на другите 27 земји членки. Земјите од Западен Балкан треба да направат рефлексии за својот развој имајќи, јасна перспектива за членството во ЕУ кое носи придобивки, но и одговорност“.
Со оваа панел-дискусија ЕДРМ ја продолжува традицијата на водење дебати за ЕУ и евроинтеграциските процеси на Република Македонија, употребувајќи интелектуален дискурс. Дискусијата главно имаше пригоден карактер соодветен на јубилејот.

Фотографија на European Movement Republic of Macedonia.

 

Фотографија на European Movement Republic of Macedonia.Фотографија на European Movement Republic of Macedonia.

9 May, Europe Day.