Извештај од работата на Советот на членките на Меѓународното Европско движење, 25 Ноември 2016, Брисел;

Меѓународното европско движење двапати годишно одржува заедничка конференција (Совет) со претставниците на државите членки меѓу кои е и Република Македонија од 1993 година. Претставници на Европското движење во РМ речиси секогаш присуствуваат на Советот.  На немврискиот Совет присустуваа Марија Велјовска-Кондовска и Мери Цакиќ кои направија синтези во врска со овој настан. фотографија на European Movement Republic of Macedonia   Советот на членките на ЕМИ – 2016 година,   се одржа на 25 декември 2016 во Европскиот Парламент, Брисел Целокупната организација на настанот беше поделена во три дела:

  1. Работен дел – Политички комитети
  2. Пленарна седница на Советот на членките (1 дел)
  3. Пленарна седница на Советот на членките (2 дел)
  1. Работениот дел на политичките комитетети започна во 12 часот со распоредувањето на  контакт лицата од организациите членки  во просториите во кои заседаваа: Политичкиот комитет за повеќе демократија, човекови права и слободи; Политичкиот  комитет за вработување, конкурентност  и одржлив раст, Политичкиот комитет за Европа во светот;
  2. Присуствувавме на политичкиот комитет за Европа во светот. Во отсуство на ко-претседавачката Наташа Овенс од Европското движење од Хрватска политичкиот комитет го водеше Уго Ферута од Италија.

фотографија на European Movement Republic of Macedonia   Агендата на политичкиот комитет „Европа во светот“ се состоеше од следните точки:

  1. Дискусија  по точките за безбедност односно дискусија за за ажурирање на постоечката позиција на политиката за безбедност

За првите две точки Глобалната политика на ЕУ и Планот за нејзина имплементација не се дискутираа детално. За третата точка, односно на енергија како клучно прашање за европската безбедност од геополитички аспект се отвори дискусија во која еден од дискутантите  изјави дека би сакал да предложи воведување на квоти за увоз на руски гас и нафта затоа што Русија има империјалистички тенденции и нејзиното влијание треба да се ограничи со воведувањето на квоти.  Се поддржа оформувањето на централна воена команда во Европа затоа што моментално во ЕУ секоја држава има своја војска, но сите  заедно не се координирани. Предлогот за офорување на централна европска команда и оперативни борбени групи, кои „се разбира“ ќе бидат во тесна соработка/од НАТО со цел да се обезбеди „воена независност“ беше поздравен од некои од членовите. Неколку членови ќе работат на изработка на предлог финален извештај (енергетски ресурси, воена независност, комуникации и добрососедски односи), а потоа истиот ќе биде дистрибутуран до сите членови на политичкиот комитет за коментари.

  1. Став кон политиката за проширување односно дискусија за пакетот за проширување од 2016 година и потврдување на истата.

Дискусиите на тема безбедност го конзумираа скоро целото време и оваа точка односно разгледувањето на позицијата на ЕМИ во однос на полтикита за проширување се сведе на коментарот на претставничката од Европското движење од Србија дека е спремна да достави извештај кој ќе се базира врз заклучоците на конгресот на тема проширување кој се одржал во Белград.

  1. Останато во врска со прашања кои се од сферата на интерес на овој политички комитет и краток преглед на пленарната седница на Советот на членките

Немаше други прашања и теми од интерес на политичкиот комитет. Предлог извештаите ќе бидат доставени од одредените лица до 15.12.2016, а сите кои ќе имаат коментари, забелешки и дополнувања ќе треба да одговорат до 05.01.2017 година. Следната работна сесија на политичкиот комитет ќе биде после 6 месеци во Рим на прославата по повод 60 годишнината од Договорот од Рим. фотографија на European Movement Republic of Macedonia

  1. Пленарна седница на Советот на членките (1 дел)
  • На планарната седница прво се усвои Агендата за тековната седница, а потоа и записникот од претходниот Совет на членките.
  • Беше презентирана работната програма на ЕМИ за 2017 години во кое се потврдени поранешните заложби на организацијата за понатамошно проширување и вклучување на нови членки и определбата да се најде баланс во реализирањето на веќе поставените цели со зајакнување на мрежата преку активно вклучување на цивилните организации, синдикатите, бизнис секторот, академските кругови, политичките партии и сите можни засегнати страни на локално ниво. Намалувањето на дистанцата меѓу европските институции и граѓаните ќе биде главната цел за чија реализација треба да се изгради платформа за дијалог и комуникација помеѓу погоре наведените засегнати страни.
  • Како резултат на тесната соработка помеѓу повеќе организации е произлезена и Стратегијата за поддршка на интеграцијата за западен Балкав во ЕУ. Претседателот Линен се обрати директно до делегацијата на ЕДРМ со прашање за нашиот став во врска со резолуцијата за проширувањето. Беше одговорено дека активностите кои ги спроведува ЕДРМ се во координација со други цивилни организации во Македонија. Иако поминуваме низ политичка криза сепак наоѓаме простор за соработка, како со државните институции, така и со образовните институции и дека нашите активности се фокусирани врз запознавање на различни целни групи со процесот на интеграциција во ЕУ и дека преку нашите активности отвараме поле за дебата и соработка како што е наведено во резолуцијата.
  • Понатаму беше претставено дека активностите на ЕМИ ќе ги следат активностите кои ќе ги спроведува Европската Комисија, Европскиот Совет. Најактуелни ќе бидат Брексит и мигрантската криза.

фотографија на European Movement Republic of Macedonia На федералното заседание, меѓу другото ќе се избираат нови членови на бордот на ЕМИ. Ќе се одржи во Талин, во Естонија во текот на претседавањето на Естонија со ЕУ. Следниот Совет на членките ќе се одржи во Брисел, во Мај во 2017. Во текот на 2017 година ќе се одржат 4 состаноци на бордот на ЕМИ.

  • Беше презентиран Буџетот на ЕМИ за 2017 година (во прилог)
  • Беа одржани кратки осврти за дискусиите кои се водеа истиот ден при заседавањето на политичките комитети.
  • Пленарна седница на Советот на членките (2 дел)
  • Во текот на вториот дел од пленарната седница беше одржана презентација за проектите кои ги реализира и ќе ги реализира ЕМИ: Women of Europe Award, On Our Watch, European Angst Conference, Pact for Yought, The Hague 2018, Rome 2017
  • Извештаи и дискусии за предизвиците со кои се соочуваат организациите-членки (слајд)
  • Следниот настан се најави дека ќе биде во Рим на 02.06.2016 или 30.06.2016 година. Информацијата ќе биде дистрибуирана до сите членки дополнително и навремено
Активности.