Информација за јавност за меѓународната конференција: Европските вредности соочени со мигрантската и бегалската криза- Перспектива на граѓанското општество

Европското движење во Република Македонија (ЕДРМ) во соработка со Институтот за геостратешко истражување и надворешна политика при Министерство за надворешни работи во Република Македонија, Фондацијата Конрад Аденауер – Скопје и Централно-Европска Иницијатива (ЦЕИ) – Трст, на 20 ти Септември 2016 година во Скопје организираат меѓународна конференција именувана:  ͈Европските вредности и безбедносните ризици во справување со мигрантската и бегалската криза –  Перспективата на граѓанското општество”. Миграциската и бегалската криза со која се соочуваат европските и балканските земји отвара многу прашања кои се поврзани со социо-економскиот контекст, хуманитарните перспекиви, човековите права, солидарноста, безбедноста и други дилеми. Овие аспекти ќе бидат опфатени со темите што ќе се дискутираат од  претставниците на Националните совети на европските движења, претставниците на  организациите од граѓанското општество во земјите членки на Централно Европската Иницијатива, како и претставниците од три земји кои не се во корпусот на членки на ЦЕИ, но се сериозно засегнати од мигрантската криза, а тоа се: Германија, Грција и Турција. Исто така очекуваме претставници од државни служби и меѓународни организации кои се инволвирани во процесот на следење на бегалците, како и претставници од академската фела, експерти и преостанат аудиториум. Конференцијата ќе се одржи во големата конференциска сала на Министерството за надворешни работи со почеток во 09:30ч. Планирани се два панела и две сессии за дискусија, како и завршни согледувања.   Белешка: Овој извештај е можно да се најде на web страните обележани подолу:

  • www.europeanmovement.org.mk – Официјалата страна на Европското движење во Република Македонија ;
  • www.kas.de/macedonia – Официјалната страна на Фондацвијата Конрад Аденауер – Скопје, Македонија
Активности.