ЕВРОПСКО ДВИЖЕЊЕ - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ... MOVEMENT EUROPEEN - REPUBLIQUE DE MACEDOINE ... EUROPEAN MOVEMENT - REPUBLIC OF MACEDONIA

 

ДВИЖЕЊЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Одбележување на 9 Мај 2010, Денот на Европа во Р. Македонија

Оваа година одбележувањето на 9 Мај, Денот на Европа, во сите европски земји е во знакот на 60-годишнината од познатата Шуманова декларација. Шумановата декларација претставува еден од најзначајните документи во поновата историја на Европа бидејќи со него се поставија темелите на обединета Европа, а самиот Роберт Шуман се нарекува таткото на Европа. По тој повод, ЕДРМ организира јавни трибини во шест градови во Р. Македонија, меѓународна конференција, свечена академија, студентски дебати, натпревари за три најдобри есеи, награди за најмладите сликари, натпревар во ораторство и други граѓански манифестации.

Одбележувањето на 9 Мај 2010 година е во знакот на слоганот Обединети во различностите. Сите манифестации започнуваат од 27 април со конференцијата за печат и траат во текот на целиот месец мај. Подетални информации можат да се добијат од Програмата за одбележување на Денот на Европа, 9 Мај.

Како и досега, одбележувањето на 9 Мај се остварува во рамките на партнерството со меѓународното европско движење од Брисел, со Делегацијата на Европската комисија во Р. Македонија, со Секретаријатот за европски прашања на Р. Македонија, Фондацијата Конрад Аденауер-Скопје


Програмата за Денот на Европа 2010 се наоѓа на следниов линк.

 

 

 

Линк до интернационалниот сајт

Слики од посетата на Pat Cox на Скопје>>

Говорот на Pat Cox >>

Европски ден 2007 во Македонија
English
s

Web design by Pece Angelkovski. Copyrights © 2005mail to webmaster

За нас
Организација
Зачленување
Акциска програма
Водич, Новости, Развој, Документи
Публикации
Колективни членови и спонзори
Линкови
Контакт

"ЕВРОПСКО ДВИЖЕЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА" ул."Кузман Јосифовски Питу " бр.17/51 - Скопје тел.022462257 факс: 022462257
e-mail: contactperson@europeanmovement.org.mk